Ömer Azzam,Safiye Karabacak
15 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
КАИРО (AA) - Во бомбашки напад на оклопно возило на припадниците на безбедносните сили кој се случи во египетскиот град Ариш, загина еден полицаец а четворица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносни извори, нападот го извеле непознати лица во населбата Ел-Месаид.
Повредените лица се пренесени во локалната воена болница.
Одговорност за нападот презеде радикалната организација „Вилајат Синај”.