Ahmed Abdelsalam Ahmed Nassr,Afra Aksoy
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
РИЈАД (АА) - Кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, организираше прием за американскиот државен секретар Џон Кери, којшто допатува на дводневна посета на Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува саудиската новинска агенција СПА, кралот Селман се сретна со Кери во палатата Салам во градот Џеда.
На состанокот на којшто присуствуваа државни официјални лица се разговараше за соработката помеѓу САД и Саудиска Арабија, како и за интензивирање на соработката во решавањето на регионалните и глобални прашања.
Кери потоа се состана со престолонаследникот, Мухамед бин Најеф бин Абдулазиз, со којшто разговараше за соработката на повеќе полиња, првенствено во борбата против тероризмот.
Посетата на државниот секретар на САД на Саудиска Арабија започна синоќа, а се очекува дека ќе трае два дена. Кери најави низа состаноци, а претходно се состана и со својот саудиски колега Адел ал-Џубејр.