Gülşen Topçu
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
КАИРО (АА) - Најмалку двајца војници се убиени во напад во Северен Синај, во североисточниот дел на Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат извори од полицијата, војниците кои се наоѓале на контролниот пункт во Ал-Арис, беа цел на снајперистите.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за овој напад.
Синај е центар на крвави напади од страна на милитантите, од средината на 2013 година, кога со воен удар беше симнат од власт првиот претседател на Египет избран на слободни и демократски избори, Мухамед Морси, лидер на движењето Муслиманско братство.
Оттогаш, стотици припадници на силите за безбедност се убиени во нападите на милитантите на полуостровот Синај.
Египетските сили за безбедност водат жестока кампања против, како што ја нарекуваат, терористичката група со седиште во Синај.