Aydoğan Kalabalık
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
КАИРО (АА) - Поморските и воздушните сили на Египет и Франција започнаа заедничка воена вежба во Медитеранот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на египетската војска, полковник Тамир Рифаи, соопшти дека вооружените сили на Египет и Франција ја започнале поморската и воздушната вежба наречена „Рамзес 1“.
Рифаи нагласи дека вежбата се реализира во меѓународните води на Средоземното Море, и дека на оваа вежба учествуваат француските воени бродови, носачот на авиони „Шарл де Гол“, како и воените авиони од француско производство наречени „Рафал“.
Во соопштението се вели дека од египетската страна учествуваат фрегати, ракетофрлачи, како и воени авиони од типот „Ф-16“.
Се истакнува дека оваа вежба се реализира за да се разменат искуства, заштита на стратешките зони, како и спроведување на сценарија како одбрана од воздушни напади и помош меѓу воените трупи на двете земји.
Администрацијата на Египет од 2014 година, кога египетскиот претседател Абдел Фетах ел-Сиси дојде на функција, досега, по САД и Русија, најмногу оружје купи од Франција.
Договорот за купување на 24 воени авиони меѓу Египет и Франција беше потпишан во 2015 година во Каиро.
Долго време беше актуелно купувањето на воените авиони од типот „Рафал“, кои се сметаат за француски воени авиони кои не се продаваат.