Ekrem Biçeroğlu
31 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Јавното обвинителство во Египет одлучи да ја ослободи Ала ел Карадави, ќерката на поранешниот претседател на Светската унија на муслиманските научници, Јусуф ел Карадави, која е затворена четири години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веста на оваа тема е објавена во египетската официјална агенција МЕНА (MENA).
Според веста, Карадави е ослободена по четири години притвор во судскиот процес во кој беше обвинета за „членство и финансирање на терористичка организација“.
Наведено е дека на многу членови на Организацијата „Муслиманско братство“ (Ихван), исто така им се судеше за истите обвиненија како на Карадави.
- Што се случи?
Ќерката Ала Карадави и нејзиниот сопруг Хусам Калаф беа приведени во нивниот дом во регионот Сахил еш-Шемали во северен Египет во јули 2017 година.
Карадави беше задржана во ќелија 300 дена и не ѝ беше дозволено да се сретне со своето семејство.
Во изјавата дадена од „Амнести интернешнел“ (Amnesty International) во врска со Ала ал Карадави, беше наведено дека „она што е применето врз неа, се смета за тортура според меѓународните норми“.