Aldıjana Hadzıc
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
КАИРО (АА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во првата недела од месец април, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе престојува во официјална посета на САД.
Новинската агенција „Ал Ахрам“ јавува дека ова ќе биде првата официјална посета на Ал Сиси на Вашингтон откако ја презеде функцијата претседател во 2014 година.
За време на тридневната посета, египетскиот претседател со американските претставници ќе разговара за голем број билатерални, регионални и глобални прашања, а едно од нив би можело да биде и односите меѓу Израел и Палестина, пренесува Агенција Анадолу (AA).
Да потсетиме, Ал Сиси беше еден од првите светски лидери кои на Трамп му честитаа на неговата победа на претседателските избори во САД, која се одржа во ноември 2014 година.