Ali H. M.Abo Rezeg
31 Декември 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2019
КАИРО (АА) - Египетските власти денес легализираа 80 христијански цркви и црковни придружни објекти низ таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетската Влада го соопшти ова непосредно пред денешниот состанок меѓу премиерот Мустафа Медбули и комитетот формиран во 2016 година, со цел легализација на нелиценцираните објекти на христијанската заедница.
Во соопштението се наведува дека во последните 11 месеци во Египет се легализирани вкупно 588 цркви и придружни црковни објекти.
Претходно, невладините организации објавија и податок дека христијанските заедници, односно Коптската, Евангелистичката и Католичката црква, предале барања за легализација на вкупно 3.730 објекти.
Коптите се најбројна христијанска заедница во Египет и сочинуваат нешто повеќе од десет отсто од вкупно 97 милиони жители на таа земја.