свет

Еден Израелец загина во напад со дрон врз Тел Авив

„Дрон со бомба експлодирал на раскрсницата на улиците Шалом Алејхем и Бен Јехуда во Тел Авив, на стотици метри од американската амбасада“

Ikrame Imane Kouachi  | 19.07.2024 - Обновена : 19.07.2024
Еден Израелец загина во напад со дрон врз Тел Авив Фото: Mostafa Alkharouf/AA

АНКАРА (АА) - Најмалку еден Израелец загина, а осум се повредени во напад со дрон од страна на Хусите рано утрово, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Израелската јавна радиодифузна корпорација објави дека „дрон со бомба експлодирал на раскрсницата на улиците Шалом Алејхем и Бен Јехуда во Тел Авив, на стотици метри од американската амбасада“.

Портпаролот на израелската армија изјави дека „експлозијата се случи во раните утрински часови денес (петок) во Тел Авив поради воздушен напад“.

„Нападот не ги активираше сирените и инцидентот е под истрага“, додаде тој.

Израелскиот Канал 13 цитираше извештај од прелиминарната армиска истрага во која се вели дека дронот што го погоди Тел Авив бил детектиран, но не бил пресретнат поради „човечка грешка“, без да даде дополнителни детали.

Во меѓувреме, јеменските бунтовници Хуси го потврдија нападот со дрон врз Тел Авив.

Во соопштението, воениот портпарол на групата, Јахја Сари, рече дека „воздухопловните сили на групата спровеле воена операција со помош на дрон врз Тел Авив“.

Тој објасни дека операцијата „погодила важна цел во подрачјето на Тел Авив“.

Групата Хуси го прогласи подрачјето на Тел Авив за „небезбедна област“ и рече дека „ќе биде примарна цел“ за нивното оружје.

Хусите ги напаѓаат бродовите што се во израелска сопственост, кои пловат под израелско знаме, кои се управувани или кои пловат кон израелските пристаништа во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и дронови во знак на солидарност со Газа, која е под разорен израелски напад од 7 октомври минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın