Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
26 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Според првичните сознанија, 2 цивила го загубија својот живот, додека 50 се повредени како резултат на експлодирањето на возило-бомба во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Цивилната одбрана во Идлиб, Мустафа Хаџ Јусуф, во изјава за АА, истакна дека едно возило-бомба експлодирало во центарот на ова подрачје. „Според првичните сознанија, во експлозијата загинаа 2 цивила, додека 50 се повредени“, додаде тој.
Повредените се пренесени во околните болници, додека причинета е штета на голем број објекти и возила во околината.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Од друга страна, 12 лица загинаа, додека 25 беа повредени во експлозијата која се случи минатиот месец пред болница во центарот на Идлиб.