Ömer Koparan
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
АЗАЗ
Тројца цивили се повредени во терористички напад изведен со автомобил бомба во градот Азаз, во северна Сирија, известува Агенција Анадолија (АА).
Терористичкиот напад беше извршен со автомобил бомба во центарот на областа Азаз, што се наоѓа на сириска територија, наспроти турската област Килис.
Во нападот, според првичните извештаи, повредени се тројца цивили.
Експлозијата предизвика штета на околните возила и продавници.
Локалните безбедносни сили кои го испитуваат местото на експлозијата, сметаат дека голема е веројатноста нападот да бил организиран од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која ја продолжува окупацијата на регионите Тел Рифат и Мунбич, често организира терористички акции чија цел се регионите на Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.