Emel Öz Gözellik
26 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, остварија средба во прекуграничното заедничко безбедносно подрачје Панмунџом, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Претседателството на Јужна Кореја се истакнува дека Мун и Ким оствариле двочасовна средба во Панмунџом.
Портпаролот на претседателот на Јужна Кореја, истакна дека двајцата лидери размениле мислења околу спроведувањето на Декларацијата, потпишана на 27 април во Панмунџом, и во врска со мировниот самит помеѓу Северна Кореја и САД.
Се вели дека Мун утре ќе даде изјава околу денешната средба.
Мун и Ким на 27 април се сретнаа во Панмунџом. Двајцата лидери во заедничката завршна Декларација од оваа средба наведоа дека се согласиле околу целосната денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, и претворањето на постоечкото примирје во мировен договор.