Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
ГАЗА (АА) - За време на движењето на конвојот на палестинскиот премиер Рами Хамдалах низ Појасот Газа се случи експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локалните извори, експлозијата се случила за време на движењето на конвојот на палестинскиот премиер Хамдалах во Газа, по што се слушнале истрели. Истите извори информираат дека загинати или ранети нема.
Палестинскиот премиер Хамдалах кој ова утро пристигна во Појасот Газа, беше придружуван од претседателот на разузнавачката служба на Палестина, Маџид Фереџ.
Од друга страна, палестинската официјална агенција ВАФА (WAFA) објави дека премиерот Хамдалах поминал без повреди од експлозијата што се случила за време на неговата посета на Појасот Газа.
Од извори на министерството за внатрешни работи на Појасот Газа се дознава дека звукот на експлозија бил предизвикан од пукање на автомобилска гума на едно од возилата во конвојот.
Палестинското раководство тврди дека Хамас е одговорна за експлозијата.