Yusuf Hatip
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Во експлозијата која се случи во југозападната држава на Пакистан, Белуџистан загинаа најмалку 30 лица, а повредени се 70, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, во моментот на експлозијата во турбето на суфискиот научник Шах Нуран околу турбето имало стотици луѓе.
Изворите кажуваат дека на местото каде што се наоѓа турбето се случи силна експлозија, при што загинале најмалку 30 лица меѓу кои има деца и жени, како и дека 70 лица се повредени.
Местото каде што се случи експлозијата се наоѓа 100 километри далеку од градот Хуб кој се наоѓа во границата на државата Синд.
Луѓето од околината се жалеа на тоа што во близина на турбето нема болница или здравствен центар, и се вели дека некои луѓе со цивилни возила повредените ги носеле во болница.
На местото на настанот испратени се голем број на екипи на безбедност.
Сеуште никој не ја презеде одговорноста на нападот.