Mohamed Sabry Emam Muhammed
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
БАГДАД (АА) - Повеќе од 47.000 цивили го напуштија северниот ирачки град Мосул, од почетокот на офанзивата за ослободување на Мосул од ДЕАШ, соопшти ирачкото Министерство за миграции и раселување, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение, официјално лице на министерството, Диа Салал, ијави дека 3,027 цивили биле префрлени од покраината Нинива и градот Киркук во бегалските кампови во источен и јужен Мосул.
„Новиот прилив на цивили доведе до бројка преку 47,000 раселени од почетокот на операцијата во Мосул” , изјави Салал.
Ирачката војска со поддршка на воздушните напади на коалицијата предводена од САД и локалните сојузници на теренот, на 18 октомври започна голема операција со цел ослободување на Мосул.
Теорристичката организација ДЕАШ, го зазеде вториот по големина ирачки град, Мосул, во средината на 2014 година, заедно со поголеми територии на западен и северен Ирак.