Shadi Khan Saif
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку шест цивили загинаа, а тринаесет се повредени во силна експлозија што се случи денеска во источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на провинцијата Нангархар, Атаула Когјани, за АА рече дека цел на нападот бил провладин јавен собир во центарот на градот Џалалабад.
Когјани изјави дека во нападот животот го загубиле 6 цивили, додека 13 лица се повредени.
Истрагата за нападот е во тек, а досега никој не ја презеде одговорноста за овој чин.
Џалалабад е место на чести бомбашки напади кои ги извршува локалната радикална група поврзана со терористичката организација ДЕАШ.