Esra Taşkın
22 Јуни 2023•Ажурирај: 23 Јуни 2023
ПАРИЗ (АА) - Во протестот што синоќа во Лион, Франција, го организираа демонстрантите за заштита на животната средина, 4 лица се повредени како резултат на нападот што го изведоа екстремните десничари, пренесува Анадолу.
Според вестите објавени во француските медиуми, демонстрантите кои се противат на укинувањето на еколошката заедница „Soulevement de la Terre“, синоќа одржаа протест во Лион.
За време на демонстрациите се запалени корпите за ѓубре и скршени се стаклата на автобуските постојки.
Десетици десничари ги нападнале демонстрантите, при што повредени се 4 лица.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин вчера пред Советот на министри го претстави решението за прекин на делувањето на „Soulevement de la Terre“.