Zafer Fatih Beyaz
17 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по повод прогласувањето на 30 март за Меѓународен ден на нула отпад, изјави: „Движењето за нула отпад е манифестација на иднината што ја сонувам за нашите деца, во која доминираат сината и зелената боја. Се претвори во мобилизација зголемувајќи се како снежна топка од 2017 година досега, преминувајќи од еден кон друг. Неописливо е чувството да се види до која точка дојде нашиот глобален идеал за нула отпад денес.“
Во објавата на нејзиниот профил на социјалните мрежи во врска со прогласувањето на 30 март за Меѓународен ден на нула отпад од страна на Генералното собрание на ОН, првата дама на Туркије, Емине Ердоган, го напиша следното:
„Движењето за нула отпад е манифестација на иднината што ја сонувам за нашите деца, во која доминираат сината и зелената боја. Се претвори во мобилизација која преминувајќи од еден кон друг, од 2017 година досега растеше како снежна топка. Неописливо е чувството да се види до која точка дојде нашиот глобален идеал за нула отпад денес.
Како резултат на нашите напори и по нашата иницијатива за добра волја за нула отпад, 30 март официјално е прогласен за Светски ден на нула отпад со резолуција на ОН. Нацрт-резолуцијата што како Турција ја претставивме на Генералното собрание на ОН доби поддршка од 105 земји. Како вистински чинители на оваа гордост, би сакала да изразам благодарност на сите нашите луѓе, од 7 до 70 години, кои го прифатија, усвоија и го развија нашиот проект, како и на нашите министерства за животна средина, за урбанизам и за климатски промени, за нивните извонредни напори.“