Ata Ufuk Şeker
16 Април 2019•Ажурирај: 18 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот парламент (ЕП) ја одобри регулативата, според која од мај 2022 година во новите автомобили задолжително ќе треба да биде вградувањето на систем за ограничување на брзината, јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното собрание на ЕП во Стразбур, со 578 гласа „за“ и 30 гласа „против“, усвоени се новите закони, според кои во возилата задолжителна ќе биде употребата на новите безбедносни технологии.
Според оваа регулатива, земјите членки на ЕУ, од мај 2022 година во новите автомобили, камиони и автобуси, задолжително ќе треба да се вградат безбедносни технолошки системи во возењето, како што се систем за автоматско ограничување на брзината, систем за итно сопирање, асистент за следење на лентата, систем за детектирање на замор и сензор со камера за паркирање.
Освен тоа, со цел за подетално и полесно истражување на сообраќајните несреќи, во возилата ќе бидат вградени „црни кутии“, во кои ќе бидат запишани податоците од возењето.
Оваа регулатива, која е подготвена со цел да се намалат смртните несреќи по патиштата, за да стапи во сила, потребно е да биде одобрена од страна на Советот на ЕУ.