Alaattin Doğru
12 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
ДАКАР
Деведесет и три лица ги загубија своите животи во северниот дел на Камерун, како резултат на епидемијата од колера што ја зафати земјата од Нова година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Министерството за здравство на Камерун, повеќе од илјада случаи на колера се забележани на северот од земјата од почетокот на 2019 година, а 93 од тие случаи резултирале со смрт.
Од епидемијата најмногу се погодени северните и далечните северни региони на земјата.
Колерата, која е болест предизвикана од бактериите „Вибрио“, кои паразитираат во тенкото црево на човекот, а се пренесуваат преку водата за пиење и храната измиена со нечисти води.
Бактериите кај луѓето предизвикуваат симптоми како што се дијареја, абдоминална болка, оток и повраќање. Болеста се појавува 6 до 48 часа откако бактериите ќе влезат во телото на човекот.