Fatma Esma Arslan
24 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
ЈАУНДЕ (AA) – Најмалку 22 лица загинаа во самоубиственинапади во Камерун, кои од почетокот на годината ги извршија припадниците на терористичката организација Боко Харам, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Камерун наведено е дека терористите на Боко Храм од почетокот на годината извршиле низа самоубиствени напади, чија мета биле цивилите. Во нападите загинаа 22 лица.
Министерот за одбрана на Камерун, Јозеф Бети Асомо, овие денови ги посети регионите на северниот дел на земјата, во кои се аквитни терористите на Боко Харам, Во таа прилика најави дека во борбата против тероризмот ќе бидат вклучени додатни 7.000 војници.
Терористичката организација Боко Харам претставува најголема безбедносна закана во тој афикански регион, а против терористите заедно се борат силите на Чад, Нигерија, Камерун и Бенин, кои ја основаа заедничката коалиција ФММ, во која се наоѓаат повеќе од 10.000 војници.
Организацијата во Нигерија дејствува од почетокот на 2.000 години,а нападите ги интензивираше откако нивниот лидер Мухамед Јусуф почина во притвор во 2009 година. Се претпоставува дека организацијата е одговорна за смртта на речиси 20.000 луѓе.