Alaattin Doğru
08 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
ПАРИЗ
По изјавата за „исламски сепаратизам“, во која францускиот претседател Емануел Макрон ги таргетира муслиманите, во Франција започна мобилизирање на екстремната десница која е антиисламски ориентирана, известува Агенција Анадолија (АА).
Валери Пекрес, претседателката на Регионалниот совет на Ил де Франс во која потпаѓа и главниот град Париз, упати барање шамијата да не се користи на фотографиите на претплатничките патнички билети за да се гледа косата.
Во своето писмо до министерот за внатрешни работи, Жерар Дарманин, Пекрес побара забрана за употреба на фотографии за претплатничките билети на кои главата е покриена на кој било начин.
Пекрес побара воведување закон според кој, како што е обврзувачко на фотографиите на француските пасоши, лични карти и карти за социјално осигурување со цел заштита на јавниот ред и мир и борба против измамите, и на фотографиите на претплатничките патнички билети главата да биде откриена на ниво на целата земја.
Во моментов оваа регулатива се спроведува на фотографиите за претплатнички патнички билети во регионот Ил де Франс.
- Изјавите на Макрон
Макрон на 2 октомври организираше прес-конференција на која соопштувајќи дека Нацрт-законот за борба против идеите за „исламскиот сепаратизам“ ќе биде доставен до Советот на министри на 9 декември, изјави: „Во Франција исламот треба да се структуира за да ѝ стане партнер на Републиката.“
Тврдејќи дека „муслиманите во Франција имаат сепаратистичка идеологија“ и дека сопствените закони за овие луѓе се посупериорни во однос на законите на Франција, Макрон го даде следниот коментар: „Исламот е во криза низ целиот свет.“