Mümin Altaş
12 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со австралискиот премиер Скот Морисон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на турскиот претседател се наведува дека Ердоган и Морисон разговараа за јакнење на билатералните односи како и соработката на Турција и Австралија на меѓународна сцена.
Ердоган за време на разговорот изјави дека Австралија ја смета за важен сојузник во азиско-пацифичкиот регион и пријателска земја чиј став и позиција за глобалните прашања се слични на ставовите кои ги заговара Турција.