Zuhal Demirci
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
АНКАРА
Дирекцијата на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) спроведе кампања за пошумување под мотото „Здив за иднината, здив за светот“, а Северна Македонија беше една од 25-те земји во светот во кои вчера, во рамките на кампањата на ТИКА беа засадени 20.000 садници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од ТИКА, кампањата „Здив за иднината, здив за светот“, која започна минатата година под покровителство на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и оваа година се одржа на 11 ноември во 11:11 часот истовремено во 81 турска област.
Кампањата на засадување садници организирана од страна на турското Министерство за земјоделство и шумарство, Генералниот директорат за шумарство на Турција, Министерството за надворешни работи и ТИКА, истовремено со Турција започна и во голем број земји, меѓу кои Северна Македонија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Ирак, Либија, Малта, Црна Гора, Казахстан, Грузија, Украина, Авганистан, Косово, Унгарија, Таџикистан, Киргистан, Молдавија, Судан, Нигер, Алжир, Сенегал, Турска Република Северен Кипар (ТРСК), Узбекистан и Албанија.
На тој начин, ТИКА за првпат оваа година обезбеди поддршка за пошумување во 25 земји, при што беа засадени 20.000 садници.
Со овој проект, покрај зацртаните социјални придобивки, се планира намалување на сериозноста на ерозијата на почвата преку начинот на садење на дрвцата на теренот спречувајќи го губењето на почвата, зголемување на шумските површини, поддршка на развојот на популацијата на дивите животни обезбедувајќи храна за нив и обезбедување голем број придобивки за луѓето, како што се живот во позелена средина, со почист воздух кој е побогат со кислород.
Освен тоа, благодарение на засадените цветни и ароматични растенија, со овој проект се поддржува и можноста за остварување приходи од производството на мед, а со пошумувањето со садници кои овоможуваат приходи, како што се дрвја на маслинки, ореви и зизифус, се дава придонес во економијата и во формирањето области за рекреација.