Ferdi Türkten
16 Септември 2022•Ажурирај: 16 Септември 2022
САМАРКАНД (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го посети комплексот „Вечен град“ во Самарканд, Узбекистан, со шефовите на државите учеснички на Самитот на Шангајската организација за соработка (SCO), јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган, кој на Самитот присуствува како специјален гостин на покана на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, дојде во комплексот „Вечен град“ по церемонијата на садење дрвја.
Ердоган заедно со останатите лидери го обиколи новоизградениот дел од градот познат како „Вечен град“.
Турскиот лидер во комплексот разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и со други лидери.
Во текот на вчерашниот ден, Ердоган на маргините на Самитот се сретна и со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Дводневниот Самит на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (SCO) се одржува во Самарканд, Узбекистан, од 15 до 16 септември.