Yusuf Soykan Bal
16 Септември 2022•Ажурирај: 17 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије соопшти дека уште пет брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се нагласува: „Испораката на жито продолжува според планираното. Од денеска од украинските пристаништа тргнаа пет брода.“
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат од почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.