Hanife Sevinç
19 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека новоизградениот автопат Северна Мармара во голема мерка ќе го растовари сообраќајот во Истанбул и дека тоа е само уште еден во низата исчекори што Турција ги прави во изминатите 18 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Истанбул денес свечено е отворена шестата делница на автопатот Северна Мармара, а турскиот претседател Ердоган им се обрати на присутните со јавување од палатата „Вахдетин“.
„Овој пат во двата правци ќе се растовари сообраќајот во Истанбул. Уверен сум дека нема подобра политика, покорисна работа и поголема чест од изградбата на вакви дела за нашата земја“, порача Ердоган.
Потсетувајќи дека по доаѓањето на власт затекнал околу 6.100 километри расцепкан пат, Ердоган рече дека за 18 години власт актуелната администрација го зголемила тоа на 28.000 километри модерни патишта.
„Успеавме сообраќајната инфраструктура на Турција да ја доведеме на ниво кое е во согласност со развојот на целите и визијата за 2023 година“, рече Ердоган.
Тој порача дека актуелната власт во Турција изградила и побрзи железници, а дека наредната година се очекува отворање на таква пруга, која ќе ги спојува Анкара и Сивас.
„Кога се во прашање меѓународните инвестиции, најголеми исчекори очекуваме дури во претстојниот период“, рече Ердоган и порача дека Турција е одлучна да му покаже на целиот свет дека е земја која никогаш нема да се колеба во користењето на своите суверени права.
Нагласувајќи дека Турција е спремна за соработка и конкуренција со сите што сакаат да градат добра, да му служат на народот и да креираат нови проекти, Ердоган рече дека е уверен дека какви било други конкуренции и судири не се во интерес на народот и државата.
„Сакам да им се обратам и на оние што се трудат да ја соборат Турција на колена. Ние ќе продолжиме секогаш и одново да ве разочаруваме“, порача Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган понатаму рече и дека турскиот воз стигнал во Кина за 12 дена и дека тоа е и потврда за сè подобрата позиција на Турција на меѓународниот трговски полигон на кој и геополитички зазема стратешки важна положба.
Упати и порака со сочувство до семејствата на настраданите во пожарот во болницата во Газиантеп.
На крајот на говорот Ердоган рече дека е уверен оти актуелната власт во Турција ќе ги исполни сите дадени ветувања и дека повторно ќе слави победа во 2023 година.