Gökhan Ergöçün
28 Август 2025•Ажурирај: 29 Август 2025
Одбранбената индустрија на Турција, која е извор на гордост, буквално испишува историја, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на поморското издание на големиот турски технолошки настан ТЕХНОФЕСТ, наречено „Сина татковина“, јавува Анадолу.
Четиридневниот настан ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“ се одржува во Командата на морнаричкото бродоградилиште во Истанбул. Анадолу е глобален комуникациски партнер на настанот. Иако фестивалот започна денес, јавноста ќе може да го посети од 29 до 31 август.
Додека пријателите на Турција ги фалат нејзините достигнувања, непријателите на земјата вознемирено се обидуваат да ја стигнат, рече Ердоган.
Исто како што борбата на земјата за независност им даде надеж на угнетените пред 100 години, денешните иницијативи на одбранбената индустрија им даваат храброст на угнетените, додаде тој.
„Каде ѝ да има брат или сестра што страда од потешкотии, од Палестина до Сирија, од Јемен до Сомалија, од Судан до Либија, тие се гордеат со достигнувањата на Турција“, истакна турскиот претседател.
За многу кратко време, Турција достигна ниво на кое светот му завидува, нагласи тој.
Ердоган рече дека Турција ја зајакнува својата одбранбена индустрија, а воедно работи на зголемување на интересот на помладата генерација за технологијата, дигитализацијата и иновациите.
Посетителите ќе можат да видат колку далеку напреднала турската поморска технологија, додаде турскиот претседател.