Mahmut Atanur
01 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
ЏАКАРТА (АА) - На индонезискиот остров Јава дојде до ерупција на вулканот Мерапи, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за ублажување на вулкански и геолошки катастрофи (PVMBG) соопшти дека вулканот во близина на градот Јогјакарта исфрлал пепел и дим до висина од 6 километри.
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPB) соопшти дека исфрлениот пепел и дим засега не претставува пречка за спроведување на редовниот авиосообраќај на аеродромот „Адисуџипто“.
Портпаролот на Центарот за ублажување на вулкански и геолошки катастрофи предупреди дека е потребна евакуација на околината на вулканот во радиус од 3 километри.
По ерупцијата на вукланот Мерапи на 22 мај, нивото на опасност во регионот е ставено на втор степен.
Во 2010 година, лавата од ерупцијата на вулканот Мерапи со висина од 2.968 метри предизвика смрт на 347 лица.
Во Индонезија, која се наоѓа во „Пацифичкиот огнен круг“ на земјотресно и вулканско подрачје, има 130 активни вулкани.