Ekip
01 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (AA) – Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека деновите кога Соединетите Американски Држави (САД) биле искористувани во трговските работи се завршени. Ова го порача во остриот одговор на канадскиот премиер Џастин Трудо, кој го критикуваше американското воведување тарифи на увоз на челик и алуминиум, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп наметна тарифи за челик и алуминиум, почнувајќи од петокот, на увозот од Канада, Мексико и ЕУ. Неговата администрација, исто така, преговара за нов Договор за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА).
„Претходно денеска, оваа порака е пренесена на канадскиот премиер Џастин Трудо: САД ќе се согласат на праведен договор или договор воопшто нема да има“, рече Трамп во изјавата која се однесува на НАФТА.
Трудо го нарече воведувањето на тарифите целосно неприфатливо, откривајќи дека тоа ќе ги смени односите меѓу двете земји и најави воведување тарифи на увозот од Америка, вреден 12,8 милијарди долари (околу 11 милијарди евра).