Fatih Hafız Mehmet
27 Јули 2017•Ажурирај: 27 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) – Израелската полиција денес наутро ги отстрани железните барикади на влезовите кон џамијата Ал Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој настан следува по одлуката на израелскиот министер за безбедност да се отсранат детекторите за метал, но железните огради останаа. Додека голем број Палестинци отстранувањето на железните барикади го прославија веднаш, на портата Есбат од Ал Акса, другите и понатаму се внимателни.
Внимателен е и вакуфот на Ал Акса, верската комисија што управува со исламските згради во комплексот, а директорот Омар Кисвани порача дека не треба да се брза со објава за евентуален влез во џамијата.
„Ќе го причекаме техничкиот комитет, кој го овластивме да изврши истрага во Ал Акса. Нема да брзаме со одлуката дали ќе влеземе или нема да влеземе во Ал Акса“, рече Кисвани на портата Есбат.
Високиот исламски одбор во Ерусалим претходно објави дека нема да влезе во Ал Акса пред техничкиот комитет да го даде својот извештај.
По крвавите судири на 14. јули, израелските власти за првпат по речиси пет децении ги затворија вратите на џамијата Ал Акса, која ја почитуваат и муслиманите и евреите, а евреите ја нарекуваат Рид на храмот, и ја забранија џума намаз (петочната молитва).
Подоцна, џамијата беше отворена откако израелските сили на нејзините влезови инсталираа детектори за метал и безбедносни камери.
Муслиманите протестираа против безбедносните мерки, а во судирите настрадаа 11 луѓе, меѓу кои 8 Палестинци. Сепак, Израел не сакаше да ги отстрани детекторите, со образложение дека новите безбедносни мерки се слични на оние што се применети во други светите места во светот.
По меѓународниот притисок, израелскиот министер за безбедност одлучи да ги отстрани детекторите за метал, но рече дека ќе воспостави нов систем за надзор, кој користи „паметни проверки“, засновани на модерната технологија.