ЕУ ги отвора границите за 14 земји меѓу кои ги нема Северна Македонија, БиХ и Косово
- На граѓаните од следните земји ќе им биде дозволен влез во 27 земји членки на ЕУ и четири земји на Шенген: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.
Ekipa
30 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
БРИСЕЛ
Европската унија денес објави дека повторно ќе ги отвори границите за патниците од 14 земји, но меѓу тие земји ги нема БиХ, Косово и Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патниците од големите земји како САД, Русија, Бразил и Индија поради ширењето на Ковид-19 уште најмалку 14 дена нема да може да влегуваат во ЕУ и во четири земји кои се во шенгенскиот безвизен режим.
На граѓаните од следните земји ќе им биде дозволен влез во 27 земји членки на ЕУ и четири земји на Шенген: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нови Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.
ЕУ изјави дека за Кина е донесена одлука за реципроцитет. Тоа значи дека мора да ги укине сите органичувања за европските граѓани кои влегуваат во Кина пред на кинеските државјани да им биде дозволен влез во ЕУ.
Од земјите кои се сметаат за безбедни се очекува и да ги укинат ограничувањата кои би биле насочени кон европските патници.