Dildar Baykan
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Судењето на челникот на Халкбанк, Хакан Атила во САД до сега е незапаметено мешање во внатрешните работи на Турција, соопшти утрово Министерството за надворешни работи (МНР) на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Очекуваме исправка во пресудата на Хакан Атила, која се претвори во срамотење на правните норми“, се порачува во соопштението на МНР на Турција.
Судот во Њујорк го прогласи Атила за виновен за пет од вкупно шест точки од обвинението, а ослободен е од обвиненијата за перење на пари. Од турското МНР порачаа дека ваквата одлука е неправедна и несреќна.
„Судот во САД до сега, низ еден процес, кој се темели на наводни докази, кои се лажни и подложни на политичко искористување и во кој за внатрешните работи на Турција се дискутира на нереални и фиктивни темели, на незапеметен начин се мешаше во внатрешните работи на Турција“, пишува во соопштението.
Нагласено е исто така фактот дека на одредени припадници на ФЕТО им било дозволено да претстават лажни и нереални докази кои можат негативно да влијаат на судскиот процес, со што е нарушена сериозноста и веродостојноста на самиот процес.
Заменик генералниот директор на турската Халкбанк, Мехмет Хакан Атила е уапсен на аеродромот во Њујорк на 27 март 2017 година. Уапсен е под обвиненија за кршење на американските санкции кон Иран и одреден му е притвор до продолжувањето на судењето на 10 април.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека тоа е класичен политички процес кој го покренал поранешнот американскиот обвинител Прeт Барара, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО.
Во согласност со судскиот процес против Атила како сведок беше сослушан бегалецот на ФЕТО, Хусеин Коркмаз. Одбраната на Атила наведе дека се работи за лице кое по илегален пат ја напуштило Турција, и истакна дека доказите кои ги предал на судот се лажни. Судијата Берман ги одби овие наводи, и за сведочењето на Коркмаз изјави дека е во согласност со правилата.
Американскиот суд го продласи Атила за виновен поради кршење на американските санкции кон Иран, учество во кривично дело измама на САД, измама на американски банки, а ослободен е од кривичното дело, перење на пари.
Судијата Ричард Берман на 11 април ќе донесе одлука за казната за Атила.