свет

ЕУ изрази длабока загриженост поради влошената безбедносна ситуација во Буркина Фасо

- Европската Унија денес изрази загриженост поради влошената безбедносна ситуација во западноафриканската земја Буркина Фасо по неодамнешниот терористички напад од големи размери

James Tasamba  | 29.08.2024 - Обновена : 29.08.2024
ЕУ изрази длабока загриженост поради влошената безбедносна ситуација во Буркина Фасо

КИГАЛИ (АА) - Европската Унија денес изрази загриженост поради влошената безбедносна ситуација во западноафриканската земја Буркина Фасо по неодамнешниот терористички напад од големи размери, јавува Анадолу.

Загриженоста е изразена откако стотици луѓе, главно цивили, беа убиени во Барсалого во северноцентралниот регион на земјата минатиот викенд.

Според неофицијалниот биланс, речиси 200 луѓе, вклучително цивили и припадници на безбедносните сили, наводно, биле убиени во нападот, а околу 300 биле ранети.

Владата допрва треба да излезе со официјално соопштение за бројот на жртвите.

Ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот, но локалните медиуми сугерираат дека тој е извршен од елементи поврзани со Џамаат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин (ЏНИМ), огранок на терористичката група ДЕАШ.

„Европската Унија најостро го осудува терористичкиот напад извршен од ЏНИМ на 24 август во Барсалого. Во овој нов напад од големи размери има стотици жртви, главно цивили“, се вели во соопштението на ЕУ.

„ЕУ ја изразува својата длабока загриженост поради влошената безбедносна ситуација во земјата и во подрегионот. Ги охрабрува сите напори за спротивставување на овие бранови на насилство и спречување каква било ескалација.“

Воениот водач на Мали, Асими Гоита, рече дека ништо нема да ја поткопа нивната цврста решеност да ја продолжат заедничката борба против тероризмот во регионот во рамките на неодамнешното формирање на Конфедерација на државите Сахел.

Буркина Фасо, управувана од воена хунта, се бори со бунтот што се прошири од соседно Мали во изминатата деценија. Извршителите на насилството, поради кое илјадници луѓе се протерани од своите домови, се поврзани со ДЕАШ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın