свет

ЕУ остро го осуди убивањето на 12 болничари во израелски напад во Либан

„Нападите врз здравствените работници и објектите се сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право. За заштитата на медицинскиот персонал во конфликтните зони не може да се преговара“, рече Жосеп Борел, шеф за надворешна политика на Блокот

Beyza Binnur Dönmez  | 15.11.2024 - Обновена : 15.11.2024
ЕУ остро го осуди убивањето на 12 болничари во израелски напад во Либан

ЖЕНЕВА (АА) - ЕУ денес остро го осуди убивањето на 12 болничари во израелските напади во близина на подрачјето Баалбек во источен Либан, јавува Анадолу.

„Нападите врз здравствените работници и објектите се сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право. За заштитата на медицинскиот персонал во конфликтните зони не може да се преговара“, рече Жосеп Борел, шеф за надворешна политика на Блокот, на социјалната мрежа Х.

Борел нагласи дека оваа шема на нишанење здравствените објекти и ги отсликува „ужасните трендови“ во другите конфликти, од Сирија до Украина или Судан.

„Без разлика дали е непромислено непочитување или намерно нишанење, ова е бесрамен напад врз човековото достоинство, загрозувајќи животи, и флагрантно кршење на основните човекови права“, додаде тој.

Израелските воени авиони го нападна градот Дорис доцна синоќа, предизвикувајќи уривање на Центарот за цивилна одбрана и уништување на соседната зграда, според Националната новинска агенција.

Израел овој септември започна воздушна кампања во Либан против, како што тврди, локации на групата Хезболах, што претставува ескалација од една година прекугранична војна.

Речиси 3.400 луѓе се убиени, над 14.400 повредени и повеќе од 1 милион луѓе раселени од израелските напади од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.

Израел на 1 октомври започна упад во јужен Либан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.