Büşra Selvi Öğütcen
31 Мај 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
ПЕПЛОС
Европската Унија (ЕУ) изгради систем за дигитална бариера на границата Турција - Грција за да ги спречи имигрантите илегално да преминуваат во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ЕУ го тестира системот за дигитална бариера, што го воспостави последниве месеци за да спречи нелегално преминување на 200-километарската граница меѓу Турција и Грција.
Европа за системот за дигиталната бариера потроши 3,7 милијарди долари.
Во рамките на системот на кој постои надзорна мрежа што работи со вештачка интелигенција, вклучени се камери и сензори, детектори за лаги и вештачки бродови за заштита на границата, кои исто така работат со вештачка интелигенција.
Од друга страна, челичниот ѕид што треба да се изгради има за цел да ги спречи имигрантите да ја преминуваат реката Мерич, што се наоѓа меѓу двете земји.
Меѓу другото, камери со долг дострел, ноќно гледање и многу сензори ќе бидат поставени на караулите во близина на реката Мерич.
Кога ќе се открие сомнително движење со употреба на вештачката интелигенција, добиените податоци ќе бидат испратени до контролниот центар.
„Имаме јасна слика за тоа што се случува пред границата“, рече Димонтенис Камаргиос, одговорен за заштита на границите во регионот.
Камаргиос исто така додаде дека деталите за системот ќе бидат објавени кон крајот на годината.