Ekipa
12 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека се идентитификувани двајцата мажи кои Велика Британија ги посочи како осомничени за труењето на поранешниот руски шпион и рече дека немаат никакво криминално досие, пренесува Anadolu Agency (AA).
Велика Британија минатата недела именуваше двајца мажи како клучни осомничени за труењето со нервен гас на Сергеј Скрипал и неговата ќерка, и истакна дека работат за руската воена разузнавачка служба.
Путин во средата изјави дека руските официјални претставници знаат кои се тие луѓе и инсистираше на тоа дека не работат за Војската. Тој ги повика двете осомничени машки лица да се јават на медиумите и да раскажат сè за себе.
Откако таткото и ќекрата Скрипал беа отруени на 4 март, Велика Британија и повеќе од 20 други земји протераа 150 наводни руски шпиони кои работеле под дипломатско покровителство. Русија одговори на сличен начин со протерување на дипломатски официјални претставници од Русија.