Ata Ufuk Şeker
22 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ) ќе обезбеди хуманитарна помош од 43,5 милиони евра за Јужен Судан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија соопшти дека е обезбедена нова хуманитарна помош за Јужен Судан кој се соочува со глад и криза за храна.
Во соопштението се нагласува дека над 8 милиони лица во Јужен Судан не можат да ги обезбедат своите основни потреби, додека над 7 милиони лица се под опасност од глад.
Според соопштението, земјата е сериозно погодена од пандемијата на Ковид-19, а ЕУ обезбедила хуманитарна помош од 43,5 милиони евра за храна и заштита во Јужен Судан.
Во соопштението се наведува дека ЕУ во 2020 година обезбедила финансиска помош од 21 милион евра за оваа земја.