Talha Yavuz
22 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
КИЕВ
Во огнот што го отворија проруските сепаратисти во Донбас кој се наоѓа во источниот дел на Украина, загина еден украински војник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврдија Вооружените сили на Украина.
Се истакнува дека сепаратистите од полноќ до 7:00 часот осумпати го прекршиле примирјето.
Во соопштението се наведува дека како резултат на огнот отворен од страна на сепаратистите во Донбас, загина еден војник припадник на украинската војска.
Според соопштеното, претставниците на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) се информирани за случајот.