Şerife Çetin
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), во однос на едностраното решение за самопрогласување на претседател на државата на Калифа Хафтар, лидерот на илегалните сили на истокот на Либија, соопшти дека тоа го попречува политичкиот процес што води до мир во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на прашањата на новинарите на дневната прес-конференција, портпаролот на Комисијата на ЕУ, Питер Стано, нагласи дека Унијата веќе некое време внимателно и со загриженост ги следи случувањата во Либија.
Стано, упатувајќи повик до сите страни да го прекинат конфликтот и да се вратат во политичкиот процес, рече: „Индивидуалните решенија со насилство го кршат Договорот за Либија од 2015 година.“
Нагласувајќи дека овој договор е единственото решение за изнаоѓање политичко решение во земјата, Стано нагласи: „Уште од самиот почеток го повторувам нашиот повик до сите страни да стават крај на насилството и да се вратат на политичкиот процес.“
Лидерот на нелегитимните вооружени сили во источна Либија, Калифа Хафтар, синоќа изјави дека политичкиот Договор „Сухејрат“ го изгубил своето значење и дека затоа се самопрогласил за претседател на државата.