Ömer Koparan
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АЗАЗ
Министерство за одбрана на Турција информира дека терористичката организација ПКК/ЈПГ во бомбашкиот напад што го изведе врз недолжното цивилно население во сириски Африн уби повеќе од 40 цивили, од кои 11 деца, а 47 лица се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мета на нападот на терористичката организација ПКК/ЈПГ која е непријтел на хуманоста повторно беа цивилите“, изјавија од Министерството.
Нападот со цистерна за гориво полна со експлозив е извршен во улицата Рају во централниот дел на Африн во кој воглавно живеат цивили.
Во нападот животот го загубија повеќе од 40 цивили, од кои 11 деца, а 47 лица се ранети.
Експлозијата предизвика значајно оштетување на многу згради во околината, а изгореа и неколку возила кои се наоѓале во улицата.
Ранетите лица се префрлени во болниците во центарот на Африн.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го зазеде Тел Рифат југоисточно од Африн, од тие позиции често извршува напади врз регионите Африн, Азаз, ал Баб и Џарабулус.