Ahmet Gürhan Kartal
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ЛОНДОН (AA) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Европската унија (ЕУ) официјално го усвоила продолжувањето на рокот за Брегзит до 31 јануари 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЕУ27 официјално го усвои ова продолжување. Ова сепак би можело да биде и последно", напиша Туск на Твитер.
Исто така апелираше и на Велика Британија „најдобро да го искористи овој период".
Потсетуваме, продолжувањето го договија претходно оваа седмица 27 земји членки на ЕУ.
Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 31 октомври, но со новото продолжување кое го одброи блокот рокот за напушање на ЕУ сега е 31 јануари 2020 година.
Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ на референдумот одржан во 2016 година.