Gülbahar Sayım
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
ЛОМЕ (АА) - Европската унија одлучи до 2020 година на Западна Африка да и помогне со 170 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот на ЕУ во Ломе, Николас Мерланг Мартинез се состана денес во главниот град на државата Того, со министерот за надворешни работи на оваа земја Роберт Дусеј. Во таа прилика ја најави помошта на ЕУ за Западна Африка во вредност од 170 милиони долари.
Мартинез нагласи дека овие средства ќе се користат за квалитетна борба против теоризмот, јакнење на економијата, како и обезбедување на здрава храна.
Министерот за надворешни работи, Дусеј, изјави дека е многу среќен и задоволен поради ваквата одлука на ЕУ, и порача дека ќе ги искористи овие средтва во економска смисла.
Претставниците на земјите на Западна Африка и амбасадорите на ЕУ во овие земји се состанаа на почетокот на оваа недела во Ломе.