Tayfun Salcı
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Се тврди дека убиецот на англиската парламентарка, Џо Кокс бил поврзан со расистичката организација Национална алијанса, чие седиште се наоѓа во САД.
Членка на Лабуристичката партија, Џо Кокс вчера во нејзината изборната област е убиена од Томи Мер од рачно изработени пиштол и нож. Мер од 1999 година се поврзува со расистичката организација Национална алијанса, чие седиште е во САД.
Невладината организација Правен центар за сиромашните од југот со седиште во САД ги сподели со јавноста трите фактури кои Мер ги платил на оргаизацијата Национална алијанса за упатства за рачна изработка на оружје и експлозивни направи.
Во домот на Мер, добиени од фактурите на кои стојат неговото и име и адреса, пронајдени се книги за рачна изработка на оружје, книги за изработка на бомби, и книгата на Адолф Хитлер „Ich Kampfe" (Се борам) од 1942 година, наменета за наведување кон членство во Нацистичката партија.
Едната фактура потекнува од 1999 година, додека другите две се од 2003 година. Убиецот Мер на Национална алијанса и платил 620 долари.
Национална алијанса ја брани тезата за надмоќноста на белата раса и е позната по своите погледи и протести против Исламот и Евреите.
- „Британија пред сѐ" извикал Мер
Очевидците тврдат дека убиецот на англиската парламентарка во моментот на нападот извикал "Британија пред сѐ". Полицијата продолжува со испитувањето на Мер, која се уште не даде никаков податок поврзан со ова тврдење.