Ata Ufuk Şeker
11 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) овозможи финансиска поддршка во вредност од 300 милиони евра за Украина која е нападната од Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, на социјалните мрежи објави дека итно е овозможена макрофинансиска поддршка за да ѝ се помогне на Украина да ги исполни потребите за надворешното финансирање во војната со Русија.
Истакнувајќи дека војната извршила брутален воен и економски притисок на украинскиот народ, Фон дер Лајен изјави дека Европа стои покрај Украина.
„На Украина денеска ѝ овозможивме 300 милиони евра итна макрофинансиска поддршка. Ова е прва исплата на пакетот од 1,2 милијарди евра. Тоа значи дека ќе следуваат уште“, информира Фон дер Лајен.
Пакетот претходно го одобрија земјите членки и Европскиот парламент.
ЕУ може да даде макрофинансиска поддршка на земјите во нејзиното непосредно опкружување во време на економска криза.