Aldijana Hadzic
22 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Жена од сојузната американска држава Масачусетс обвинета е дека користела рој пчели како опасно оружје, соопшти окружниот шериф, откако пуштила рој инсекти врз службениците кои се обидувале да спроведат иселување, известува Агенција Анадолија (АА).
Рори Вудс, 55-годишна пчеларка, пристигнала во домот во Лонгмедоу, каде што службениците вршеле процес на иселување.
Објектот му припаѓал на маж кој со години водел постапка за нејзино иселување. Кога Вудс пристигнала во објектот, донела и кошници со пчели и ги отстранила капаците од пчеларниците за да ги ослободи пчелите.
Удрила во капакот на кошницата за да ги разлути, по што пчелите вознемирено летале, а неколку од нив ги искасале службениците. Еден од нив е префрлен во болница.
Вудс, имајќи предвид дека е пчеларка, имала заштитно одело, и пчелите ги пренела до влезот во објектот, во обид да го спречи иселувањето, каде е и приведена.