Alaattin Doğru
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
ДАКАР
Во последните четири дена 36 лица го загубија животот во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, која започна на крајот на јули минатата година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците споделени од Министерството за здравство, од евидентираните 2.763 случаи на хеморагична треска во провинциите Северен Киву и Итури, кај 2.669 лица пронајден е вирусот ебола.
Министерството, исто така соопшти дека до овој момент од ебола животот го загубиле 1.755 лица, од кои 36 во последните четири дена.
Од друга страна, 797 лица кои го носеле вирусот, се излекувале, а кај 177 лица лекувањето продолжува во центрите за лекување од ебола.
Вакцинирани се 185.289 лица во рамките на кампањата која во регионот започна на 8 август 2018 година.
Вирусот ебола предизвикува еден вид температура со крварење, а за првпат е забележан во 1976 година во местото Нзара во Судан и во градот Јамбуку во Конго. Бидејќи епидемијата во Конго започна во селото кое е во близина на реката Ебола, болеста го доби името по оваа река.
Вирусот ебола, во декември 2013 година се прошири и во западноафриканските земји. Забележано е дека во периодот 2014 - 2017 година епидемијата се проширила и во земјите Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде што од овој вирус се заразиле 30.000 лица, а повеќе од 11.000 ги загубија животите.