Fatih Hafız Mehmet
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
АНКАРА (АА) - Агенција за чување на границите на Европската Унија (Фронтекс) доцна синоќа го негираше прекршувањето на правата на бегалците, откако британските и германските медиуми го тврдеа тоа во своите објави, пренесува Anadolu Agency (AA).
„#Frontex (Фронтекс) категорично негира каква било вмешаност на нејзините службеници во прекршувањето на основните права. Ние ја осудуваме секоја форма на нехумано постапување, непроцесуирано враќање и која било друга форма на насилство што е нелегално во рамките на Европската повелба за основни права“, соопшти Европската агенција за гранична и крајбрежна заштита „Фронтекс“ на Твитер.
„Додека „Фронтекс“ има надлежност над своите службеници, истражната и дисциплинската процедура кон службениците претставува ексклузивна одговорност на индивидуалните држави што се домаќини на операцијата“, се вели од „Фронтекс“.
Европската Унија (ЕУ) вчера соопшти дека ќе ги испита наводните кршења на човековите права врз мигрантите и бегалците, под ингеренции на Агенцијата за гранична безбедност на ЕУ.
Главната портпаролка на Европската комисија, Мина Андреева, рече дека тие ќе ги следат наводите за да утврдат дали се вистинити и дали постапуваат соодветно.
Британските и германските медиуми вчера ја обвинија „Фронтекс“ дека замижува пред малтретирањето на мигрантите и дека на тој начин ги крши човековите права на бегалците.