Fuat Kabakcı
06 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ПЕКИНГ
Најмалку 19 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови во централна Кина, а 6 лица се водат како исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на кинеската државна новинска агенција „Синхуа“ во областа Хифинг, во провинцијата Хубеј, поројните дождови кои од неделата паѓаат без престан, предизвикаа поплави, во кои загинаа 13 лица, а спасувачките екипи кои се на терен успеаја да спасат 61 лице.
Од друга страна, во поплавите во областа Јунјанг во провинцијата Шиан 6 лица ги загубија животите, а 6 лица се исчезнати.
Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата.
Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби во соопштението од 12 јули истакна дека ова лето 19 милиони 910 илјади луѓе биле погодени од поплавите предизвикани од обилните дождови, а 1,3 милион луѓе се евакуирани на безбедни места.