Yusuf Özcan
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
ПАРИЗ (АА) - Доцна синоќа беше завршена заложничката криза која се случи во јужниот дел на Франција, а полицијата ослободи четворица заложници и го уапси вооружениот киднапер, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружениот напаѓач вчера во попладневните часови киднапираше четири лица во кафуле во местото Блањак кај Тулуз, а францускиот министер за внатрешни работи, Христоф Кастранер соопшти дека заложничката криза е успешно решена.
Државниот обвинител од Тулуз, Доминике Алзеари соопшти дека киднаперот бил 17-годишно момче, и дека меѓу ослободените заложници нема повредени.