Jeyhun Aliyev
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
БАГДАД (АА) - Откако неочекувано ја откажа вчера најавената службена посета на Берлин, американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа отпатува во ненајавена посета на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Помпео во Багдад се состана со претседателот на Ирак, Бархам Салих, премиерот на таа земја, Адил Абдул-Махди, и со шефот на ирачката дипломатија, Мохамед Али Алхаким.
Ирачкиот министер Алхаким соопшти дека на состаноците е разговарано за билатерални и регионални теми, вклучувајќи го и изоставувањето на Ирак од американските обновени санкции кон Иран.
Помпео го посети Ирак ден откако Пентагон соопшти дека Иран претставува сè поголема закана за американските сили и интереси на Блискиот Исток.